ДУША
Од памук белина, удавена во капка солза чиста, голтка небесна синевина, виножито кај се напива плете древна нитка. На гради машки легната, суви дланки и подзглавје, покров ѝ е квечерина, заспана како млада невеста на ругузина. Од бигор рана свената, од рака недопрена, од мисла тешка откорната. Осудена да самува, во мрачна зандана робува. Во кафез бела гулабица, крила и скршени - сака да полета. Да зборува и прикажува, длабоко во човека. Езди, послана ко черга, ткаена на разбој од крпеници. В час го допира катот земјен, час в небеси се вивнува, запирајќи на кратко, да почине, крај сеќавањето.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.