Душава што ја пее и убива оваа тага во себе што ја сокрива, и темнина што ја покрива, и пак наутро во весела се преоблекува. Ноти што не се свират, в срце длабоко продираат, оган и вулкан запалуваат, ноти што не се допеваат. Душава што пее, никој не испеал, скромни песни од солзи и чемер со јад и немир збрани во исти кавал, со тивок крик и солза се завеала. Ноти што не се свират, во заборав не паѓаат оти спомени се како лузни што срце параат. Душава што пее, никој нема да запее и кога новото сонце ќе огрее, и кога во пепел ќе се престориме од песната најтажна, ќе се опростиме. Ноти што не се свират, не ги погаѓаат сите, и кога низ магла ти минуваат дните, запеј една, длабоко од душата, нека е најтажната, таква песна не слушнал секој.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.