Далечна радост

Радоста далечна како карпа
распослана среде океан,
се обидуваш да ја дофатиш,
но почнуваш да тонеш во море од тага.
Радост сакаш да носиш,
а во тебе умрела
и овенала како што овенува
и најубавиот цвет во градината.
Се будиш во постела од недостиг
сакаш да ја дофатиш височината,
но се сопнуваш на првиот камен
и место да полеташ
ти се кине крилото
и паѓаш наземи.
Се бориш со демоните,
во мислите ги бркаш ѓаволите
и визулезираш насмевки
од некогаш,
од блиски луѓе,
од времето кога беше дете,
од моментите на комплетна безгрижност,
но залудно, не доаѓа
оти црна магла надвиснала
како пареа од зовриена вода
што клокоти во тенџерето.
Сакаш да си радост,
а ти си болка
што доаѓа ненадејно,
што трае доживотно,
што не се лекува.
Радост далечна,
радост недофатна,
радост посакувана,
радост недостижна,
радост сонувана,
радост изгубена.

flower

 

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели