Додека кругот глуми триаголник,
очевидец слеп чекори кон светлина,
пратен од безгласен говорник.
Влетувајќи молневито внесува надеж, безнадежниот.
Пацифист седнат со пушка на брегот, чека армија.
Различниот надевајќи се на безличност… престана.
Осудувајќи се на романтизам, создаден е кубизам.
Кога глувиот слуша, слепиот гледа,
глупавиот е на врвот…
Таму во долината високо се издигнати очекувањата,
додека на височината е падната реалноста.
Доблесниот патник е во ќош, свиткан.
Додека кругот глуми триаголник.
Додека реката стои мирно… почива.
Брегот раздвижен, живнува по ливадите.
Антихристот седнат пред, двери,
додека верникот одбројува со молотов.
Додека кругот глуми триаголник.
Бурлескито атакува драматично,
покрај хоророт љубовно занесен.
Инертниот разулавено го трча последниот круг.
Додека пак кругот престанува да глуми триаголник…
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.