Утрото штотуку родено
втрча низ вените на разбудените
атомите составувајќи се,
се создадоа во момент
додека сказалките кружеа неуморно
отповикувајќи ги годините
како што бранот се беше разбранил
така галебите се беа разлетале
камењата разиграно се обликуваа
додека, реката застана за момент,
во кањонот нотите се испомешаа со мислите
каде сагата само што не започнала
обичен човек прошета покрај брегот
мина крај колиба ситна
со мирис на век, на дамнина
оставена да раскажува за минатото
чекорејќи, подзастана, се загледа
втурнат од чувствата за неа
седна на тремот и се соочи
со свеќата која догорува
со песната која довршува
со дивината која се стишува
и тишината која почнува
да раскажува за оној…
Обичен Човек.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.