Skip to content

Сакање

Помина една толку непосакувана загриженост

Која неочекувано се појави на вратата од мојот живот.

Топлината на мојата душа повторно ја милува

Сончева светлина.

Тревата изгледа толку зелена

Што помислувам дека расте во зениците на моите очи.

Зеленикави биле од почетокот на моето постоење

Но сега растат како густи зелени смреки

Се капат во сончеви зраци

Ползат низ моево тело

За да пуштат корени во земјата

А јас толку го посакувам небово над мене.

Зелената е мојата боја.

Стојам под небеската шир

Корените се пуштиле толку длабоко

Знам,

Само една посакувана желба

Може да го откорне и најјакиот корен

И тогаш слободата го зема својот удар.

Удар кој застрашува, доаѓа како молња

Но, не, не го сакам посакувањето.

Го сакам само она вистинското сакање

Кое трае засекогаш и

Остава траги во нашата душа која

Се вивнува кон небото.

 

Напишете коментар