„Македоника“ ја лансираше новата апликација наменета за читање е-книги на сите Андроид уреди. Станува збор за комплетно нова апликација што се развиваше цели 11 месеци со цел да биде една од најдобрите во светот.
Новата верзија е многу побрза, постабилна, поинтуитивна, со поквалитетен приказ на книгите и работи на сите таблети и смартфони со Андроид оперативен систем.
Во соработка со Гугл, беше тестирана на повеќе од 9.000 различни уреди. Со новата апликација можат да се „читаат“ и сликовници, со што „Македоника“ е единствен е-читач од таков вид во светот.
Базата на „Македоника“ ја сочинуваат 36.000 регистрирани читатели на книги и преку 600 објавени бесплатни е-книги од сите жанрови и категории. Бесплатната апликација „Македоника“ може да ја симнете тука.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.