Поезија Светска поезија

Ми се допаѓа кога молчиш – Пабло Неруда

Пабло Неруда (1904-1973)

Ми се допаѓаш кога молчиш, оти си како отсутна,
оддалеку ме слушаш и гласот мој не те допира.
Како очите некаде да ти одлетале
и бакнеж еден ти ги склопил усните.
И затоа што со сите работи е полна мојата душа,
се појавуваш од нив, со нив исполнета.
Пеперутко на сонот, на мојата душа прилегаш
и личиш на зборот меланхолија.
Ми се допаѓаш кога молчиш и кога си како отсутна.
И како да се жалиш, пеперутко вљубена.
Од далечина ме слушаш и гласот твој не ме допира.
Дозволи ми да молчам заедно со твојот молк.
Пушти ме да ти зборувам така со твоето молчење,
да светам како светилка, со едноставност како прстен.
Слична си на ноќта, замолчена и ѕвездена.
Молчењето од ѕвезди ти е, толку далечно и чисто.
Ми се допаѓаш кога молчиш, оти си како отсутна.
Далечна и болна како да си починала.
Само еден збор тогаш, една насмевка е доволна.
И радосен сум, радосен затоа што тоа не е вистина.

И видео рецитал од поемата на англикси:

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје