Skip to content

Договорот за соработка на министерството за култура и „Традуки“ е потпишан

Договорот за соработка на министерството за култура и „Традуки“ е потпишан за период 2019-2020 година. Министерот за култура Асаф Адеми денеска во Музејот на македонската борба, заедно со претставниците на земјите членки за Европската мрежа за литература и превод „Традуки“ потпиша договор за соработка за периодот 2019-2020 година.

Со договорот  се продолжува полноправното членство на Македонија за наредниот двегодишен период, а министерот го изрази своето уверување дека како држава ќе дадеме свој значителен придонес во стратегиските насоки за развој на Мрежата и промоција на вредностите што се дел од заедничкиот европски мозаик.

Ја нагласил и подготвеноста на земјата за логистичка и каква и да е друга поддршка за реализација на идните планови за развој на Мрежата.
Министерот ја истакнува потребата од уште поголемо внимание за преведувачите кои претставуваат важни културни посредници во промоцијата и афирмацијата на делата и авторите во меѓународен контекст.
Во таа смисла изразен е интересот за зголемена динамика на средби меѓу авторите, преведувачите, издавачите, библиотекарите, критичарите и научниците од земјите што се членки на Мрежата.

traduki_logo_cmyk_white

Напишете коментар