Не го познавам знаењето на светот.
Не го познавам животот во светот.
Го знам само мојот живот
Кој поминува без да го гледам
Без да го допрам со моето тело
Но, тој ме допира мене.
Некогаш како трескот или молња се појавува
Некоја нова негова слика
Некогаш нежна кринска белина
Ме опкружува и полетувам кон
Синилото на бесконечноста.
Мислам дека животот е бесконечен сè додека
Црнилото наоблачено не ја скрати белината
И сивилото не ми покаже дека
Ништо не е црно или бело.
Големите поклонувања на сонцето
Ми помогнаа да останам вечна
Да се протегнам низ песокот кој останамж безмрднувачки занемен
Пред убавината на светот
Да ја скинам воздушната пареа без таа да може да се сплоти со песокот
Каменот да го стопам
Вас да Ве испратам долу
Во темнината каде само вашите владетели
Ќе можат себично да царуваат
Без да дозволат да се наруши нивниот вечен мир.
Не сакам да живеам во удобноста на топлите ноќи
Со вкусот на кафето
Со миризбата на јасминот кој доаѓа од Арабија
Заедно со преливот на кафената течност
Таа течност со мојата омилена боја
Сакам да ја сменам, тоа се чувствува нели?
Да преминам во црвената боја која го разгорува секој
Мој дел, да преминам на онаа раскрвавена црвена течност
Која се прелева некогаш надвор
И сакам да запре за да даде нов живот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.