Осмо издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“ – Струмица, Македонија
Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира осмото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на сите поети кои ќе изразат интерес да бидат дел од мисијата на самата манифестација.
Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави, меѓу кои е и Република Македонија.
Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.
ПОЕТСКИ КОНКУРС на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ – 2018 година
Поезијата со која може да конкурираат авторите од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 02 декември 2018 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден во склоп на оваа манифестација.
Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе осма година го ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација и во светот.
КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „100 илјади поети за промена“ 2018 година
Делата од овој конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… веќе се разбираме, така?
Дизанерските решенија може да се испраќаат на истиот email погоре ([email protected]) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 02 декември 2018 година.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.