После успешната втора размена на книги на повидок е и втора размена на книги и книжевна дружба во Кичево. Таа ќе се одржи на 16.12.2018 во 17 и 30 часот во локалот „Lounge Bar Bacardi“.
На нивниот главен настан на фб го пишува ова:
Групата за Размена на книги и книжевни муабети/ Book swap and bookish discussions ја организара и втората размена на книги во Кичево 🙂
Поканете ги пријателите и се гледаме на 16ти Декември со книги, добро друштво и книжевен муабет. Совршена средба за сите читатели и љубители на пишаниот збор.
Единственото правило е секој да земе онолку книги колку што донел. Донесете ги Вашите прочитани книги и разменети ги за други.
Она што е ново на оваа размена е тоа што книгите ќе може да се разменуваат и привремено.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.