На еден, таканаречен одвратен ден во канцеларијата, Елена го спушти нејзиниот поглед на цветниот букет, кој букет, нејзиниот вереник Александар го ставил во една вазна, на работната маса. Нејзиното лице се затегна од бес.
Наместо секојдневните повици, тој не ѝ се јавил веќе три дена.
На Елена ѝ беше потребен чист воздух. Го отвори прозороцет и посматраше, како снегот полека се топеше од силното, скоро пролетно сонце.
Таа фрли еден поглед на нејзиниот рачен часовник , и така спонтано и без најава реши, да го изненади Александар.
Седна во автото и возеше кон неговата куќа. Снегот камшикуваше на шофершајбната. Со постепеното затемнување, улицата веќе не се распознаваше од нивите. На добро време, возењето траеше просечно два часа, на лошо, дупло уште толку.
Откако излезе Елена од автото, со силно чукање на срцето застана пред куќната врата, и заѕвони. Не чекаше долго. Буричкаше во ташната, и со клучот што го најде, ја отвори вратата. Набрзина ја остави ташната и ги соблече капутот и чевлите. Таа беше сигурна, дека Александар не е дома.
Не ѝ беше забавно сама да чека, ама реши да причека.
Некаде на полноќ се разодуваше Елена полека низ куќата. Од кујната дојде во дневната со еден филџан јако кафе и седна право, како свеќа на темниот тросед.
Одеднаш слушна гласови. Таа не ги сака прислушкувањата, ама од друга страна, тоа што слушна и не беше баш прислушкување.
Кикотењето и зборувањето беа толку гласни, што секој можеше да ги слушне. Елена се подготви за најлошото и превртувајќи ги очите отиде кај прозорецот.
Скоро, што не престана да дише. Зјаеше по воздух, кога го виде Александар со една друга жена. Внимателно ја носеше жената на раце по скалите, од градината во куќата. Кога пристигнаа горе, влегоа во дневната.
Додека тој со едната рака го откопчуваше патентот на неговите црни панталони, ја пикна другата рака под нејзиниот црвен фустан.
Таа ја зафрли главата и долгата и виткана коса ѝ се разлета во воздухот.
Одеднаш, започна да стенка со отворени усни. Бурно ја подигна Александар со двете раце виско и ја седна на лакираната комода.
Го бакнуваше нејзиниот бел врат и истовремено и полека ѝ ги соблекуваше црвените гаќички. Таа, му ја раскопча кошулата.
За време на љубовната игра, рамките на нејзиниот фустан се лизнаа надолу и можеа да ѝ се видат нејзините големи гради. Тој погледна кратко и почна да ја покрива со гладни бакнежи. По неговите мускулести нозе, му се лизнаа пантолоните надолу. Елена можеше да го виде неговиот цврст задник, кој многу го сакаше.
Почна да чекори бесно во собата, со дигната глава и мафтајќи ги рацете, застана и почна да ракоплеска силно.
„Браво! Многу жежок број!“ изусти, стегајќи ги вилиците заедно, а погледот ѝ скиташе низ прзорецот, меѓу дрвјата кон камбаната на црквата.
Александар беше запрепастен, кога ја здогледа Елена.
Збунето и брзо ги закопчуваше копчињата на кошулата, додека крвта му се накачи во образите.
Се бањаше во неговата студена пот, а пулсот му чукаше во ушите.
„Ана, твојот шарм и интелигенција подари ги на некој друг.
На некој, што ќе знае тоа да го цени.
Сигурен сум, дека тоа, не сум јас!“ ѝ се обрати Александар на убавата жена.
Таа, се обиде да го заќути со еден долг бакнеж, ама и сфати, дека мора да замине. Пред тоа го погледна кратко, како да сакаше нешто да му каже и се изгуби.
„Елена, ти многу се промени! Во последно време сѐ си зафатена, а мене ме запостави. На нашата последна средба ме гледаше само, преку книгите и белите лисја на твојата работна маса, а ме поздрави после неколку минути. Тебе те интересира само твојата кариера. Беше преморена, а работеше и понатаму.“ Александар заќути еден момент и се одлучи за искреноста.
„Сакав, само секс од неа“ Ја плукна неговата желба надвор, се издиши гласно и од голема непријатност си помина со раката низ коса.
Неговата искреност, ја погоди Елена потполно неспремна.
Таа, фрли несигурен поглед на него, зеде воздух во еден здив и почна да се гуши во солзи, кои ги бришеше со марамчето , што Александар ѝ го подаде.
Неговите крупни очи беа толку тажни, и само што не заплака.
Ја префрли раката на нејзините мали раменици и се обиде да ја смири.
Елена го погледна доверливо, ама со резерва. „Знам да го ценам тоа што си искрен. Секогаш беше добар и како вереник, и како другар.
Ама, денеска чувствувам, дека и ме привлекуваш и ме одбиваш, сè во едно“.
На Александар не му беше лесно. Не беше човек, кој покажува чувства.
Ја зеде нејзината рака и ја притискаше цврсто.
„Неизмерно многу ми е жал, прости ми те молам! Те сакам Елена!“ Солзи потекоа по лицето на Елена.
„Александар, добро кажа ти! Ние имавме заеднички интереси, ама во никој случај и една врска, каква што ти сакаше.“ За еден момент, ги подигнуваше веѓите замислено „Добро, ете признавам. Нашата врска беше прилично изладена“ проговори тивко, а гласот ѝ беше се понежен.
Таа не можеше да ги оддели очите од лицето на Александар.
Тој беше многу атрактивен, висок и згоден.
Имаше раскошна насмевка, зелени очи и темна коса, наназад мазно исчешлана. Опчинувачко на него беше, неговиот вперлив поглед.
Александар ја повлече Елена кон него, ги притисна неговите усни на нејзините, и само што не ја загуши.
Погледот му падна на црниот градник со тантела.
Гледаше како маѓепсан. И покрај неговото негодување, таа го осети и неговото надразнување. Двајцата беа само малку оддалечени од една љубовна сцена. Александар помина со усните на нејзиното уво.
Тој ја почувствува страста, која се ширеше низ нејзиното тело.
Неговите раце, не оставија место на најзините кривини, каде што не допреа.
Во нејзината проѕирна црна блуза и црвената кратка сукња, изгледаше многу привлечно. Елена беше убава жена. Имаше долга и сјајна коса, плави очи, бели заби и долги нозе. Александар ја крена и ја однесе на темниот тросед.
Полека се наведна и почна нежно да ја соблекува.
Елена беше замислена и одеднаш, остро застана на нозе.
„Ти ме изневери!
Еден ден, ќе го заборавиш тоа, за кое сега жалиш што се случило и повторно ќе ме изневериш. Александар, сакам да те напуштам!“
Тешки зборови изговори таа, и постана многу свесна за тоа што се случи.
Шокиран, го повлече Александар нејзиното витко тело и ја бакна на нејзините полни усни. „ Дај ми време Александар. Не сум сигурна, дека лесно ќе го заборавам, тоа што денеска го видов.“
Едно извесно време беше тишина. Неговото срце го облеа жешка желба, по нејзината љубов.
Во очите му се развлекуваа само два збора „Те сакам“ ама тој не ги изрече! „Зошто ме казнуваш толку строго?“ праша Александар, навидум непомошен и бистри солзи капеа од неговите влажни очи.
Без збор и со прекрстени раце, Елена ја напушти просторијата.
Завиткана со мислите од разговорот со нејзиниот вереник, чекореше по скалите кои водеа надвор од куќата.
Неговата последна реченица вриеше во нејзината глава, ама таа беше сигурна дека донесе правилна одлука.
Разденувањето и светлината на уличните фенерчиња ѝ фрлаа сенка на лицето, а нејзините плави очи блескаа. „Боже мој, неговите убави очи ќе ме следат, целиот мој живот.“ Размислуваше гласно Елена.
Ги ширеше очните капаци преморено и возеше внимателно понатаму.
Поминаа неколу денови, па и недели.
Елена плачеше во канцеларијата, во автото и дома.
Дури ѝ се чинеше, дека од болка и земјата се тресеше.
Ама таа, само се опрости, од приказната со Александар.
Барем така и си мислеше.
Автор: Милица Паулус
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.