Блесок од минатото – Виколија

Чекореше забрзано по улиците на градот брзаше да ја купи куклата која ѝ ја вети на најмалата внука дека дедо мраз ќе ѝ ја донесе. А, тета не смее да разочара. Веќе се чуствуваше новогодишната атмосфера во градот. Мајки, тетки, татковци, чичковци купуваа поклони од дедо мраз. И тогаш низ излогот на една од продавниците го виде него. Како привидение од минатото, стоеше внатре во продавницата со неговата мала копија. Годините оставиле траг, но без сомнение беше тој. Оној кој пред 13 години ѝ го подари и сруши светот во еден ден. Оној кој го сакаше повеќе со себе си. 

Јануари, 2005 година.

Беше обичен работен ден. Бавен, досаден, релаксиран ден. Наеднаш на екранот се појави порака на програмот за чет. Го прифати разговорот, за да го поплни последниот час пред да си оди дома. Не беше ни свесна дека тој момент ќе ѝ ја промени судбината засекогаш. 
Пријателскиот разговор со дечкото кој студираше во странство секој ден беше сè подолг, разговорите од пријателски станаа љубовни ветувања. Не беше ни свесна дека се заљуби. 

Април 2005, Велигден. 

Заѕвони телефонот. Тој!!! Дошол за празниците, сакаше да се видат. Сакаше и таа. Секундите беа предолги. 
Цел ден беа заедно. Не се испуштаа од рака. Таа беше на седмо небо, не веруваше што ѝсе случува. Иако знаеше дека ќе биде тука само неколку дена, не размислуваше. Го сакаше како никогаш што не сакала. Дента кога тој требаше да се врати си ветија дека ќе останат во контакт. 
Тоа беше последно што го виде. Пораките ги немаше. Времето минуваше, телефонот беше мртов. 
Со таа љубов умре и дел од неа. Никој не засака после него. Проба, даде сè од себе, но не успеа. 

И сега еве го пред неа. Со синот за кој сонуваше дека ќе го му го роди. Додека во мислите патуваше назад во времето, вратата од продавницата се отвори и излезе тој! Погледите им се сретнаа. Мигот траеше вечност. Сакаше да му каже едно Здраво, како си? Ме памтиш ли? Ама зборовите ѝ останаа во грлото, гласот ја издаде. Низ образот се слизна една солза.. солза за она што можеше да биде, а никогаш не се случи.

Автор: Виколија

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели