Го викаа Никола, иако во селото сите го вика Николај. Татко му беше морнар. Уште за време на војната грчка, го убија Грците и тој остана заедно со мајка му и сестричето помало од него. Мајка му еднаш, при нападот на лошите Грци, ги грабна двете деца и побегна заедно со нив, в планина негде. Од дома набрзина зеде нешто за јадење и две три лири што ѝ ги даде татко и при мажачката и отиде. Не знеше ни кај оди, ни што прави.
Селото, како што разбра мајка му од некои пријатели го запалиле Грците. Таа едвај успеваше да ги нахрани децата, а и сама да се нахрани. А деца како деца, постојано бараа нешто. Така раснеше малиот Никола.
Се вселија во една мала куќарка близу до брегот на Егејското Море. Никола уште како мал сакаше да стани морнар. Им помагаше ма морнарите при отплеткувањето на мрежите, а кога стана поголем одеше заедно со нив по риби.
Се ожени и имаше две деца. Раснеа тие како две најмили чеда. Пораснаа две големи, арслани мали. Но и двата отидоа во станство да учат и таму формираа семејства. Двајцата се оженија. Имаа и свои деца. А Никла со својата жена пак остана сам. Во лето доаѓаа внуците од синовите, но кога одрастеа секој започна по своја страна, многу поретко доаѓаа кај дедо им.
Куќате сега голема беше. Градена за двајца, секому по една да има, а сега голема беше многу, само во една соба ги собираше Никола и жена му. Затоа почнаа да ја издаваат на туристи. Доаѓаа туристи скоро од цела Европа. Но, Никола повеќе сакаше да дојдат туристи од Македонија.
Никола сега место риби да фаќа, туристи во лето носеше таму. Откако пролет ќе дојде дури да есента зајде, со бродчето мало и двајца помошници стари, на море беше стално. Од утрина па до вечер бродчето на Никола полно беше со туристи.
Неѓутоа бротчето мало знаеше да се расипи понекогаш. Затоа Никола со своите другари, помошници, секоја пролет го преуредуваше, го префарбуваше, вадеше некои делови кои сметаше дека нема да издржат цело лето. Одеше дури во Солун да земи делови и да ги стават на бротчето. Понекогаш делот што требаше да го вади беше многу голем и тежок, па требаше да помине цела недела додека го среди сето тоа. Но без оглед на тоа бродчето на Никола секоја пролет беше спремно да заплови по Егејското Море, како некогаш што пловеше неговиот татко.
Беше пукната пролет со многу сонце, кога почнаа да одат туристи главно од Македонија. Една вечер пред куќата запре едн Фолксаваген, од кој излегоа маж и жена и детенце од десетина години. Се оптегнаа по малку и побараа место за преспивање. Додека таткото се распрашуваше, мајката не го пушташе малиот од око, кој се доближи до морето и почна да фрла камчина во водата, пребројувајќи го секое камче можи подалеку појде до брегот.
Татко му отиде во блиската кафеана, каде имаше две три маси зафатени со овдешни луѓе и порача едно мало шише пиво. Се загледа во весниците што стоеја надвор, и во очите му падна голема слика под која пишуваше Македонија и нешто на грчки кое му кажуваше дека Македонија е наша. Тоа многу пати беше преземано од грчката телевизија и само тоа му останало во главата и она добро утро, добар ден и ништо друго. Келнерката му денесе пиво и за среќа Македонка беше. Тогаш тој ја запраша каде можат да преспијат со жена му и детето, по можност и да останат десетина дена. Таа се насмеа малку му рече дека сега сè уште е пролет и не е тешко да се најде сместување. „Еве јас имам една пријателка во комшии, сами се со мажот ѝ, нивните деца од пооддамна живеат во странство, а и Македонци се, нема да имате проблеми за разбирање“.
Гостинот го испи пивото, а келнерката го зеде телефонот и ја повика комшивката. Не поминаа неколку минути, таа дојде.
– Добар ден, јас се викав Лефтерија.
– Добар ден, јас се викам Јордан.
– Знаете дека колку се плаќа дневно.
– Да сето тоа ми е јасно. Уште во Скопје тоа ми го кажаа. Да појдам да ги соберам моите и колата.
Кога појде до колата, жена му го запраша. Успеа ли да најдеш сместување.
– Да, но прво да појдеме дали ќе ти се допадне.
Жената го фати малиот за рака и тргнаа кон колата.
– Нема потреба, рече мажот е. Тоа е така блиску.
Влегоа дома. Жената се поздрави и реќе дека се вика Марија, а малиот Алексаднар. Куќата беше нависина добро уредена. Ја растоварија колата. Немаше многу за растовар.
Јордан заедно со синот Александар се подготвија да одат во продавница да земет нешто, а Лефтерија и Марија, останаа дома покрај кафето, и почнаа да разговараат за градот и за Скопје.
Приквечер еден чуден мотор се зададе од кај морето. На Александар повеќе му личеше на мотор од трактор. Набрзо тој појде до влезот, таму каде што стоеше нивната кола и виде брод кај се движи по водата и се приближуваше до нив. Тој почна да вика по татко му, да дојди да го види бродот што се движеше кон нив. Бродот застана и од него излезе еден средовеќен човек. Лефтерија излезе во дворот и му се обрати на Јордана.
– Овој е Никола, домаќинот мој.
Откако се поздравија и Никола отиде да се пресоблече се изми и излезе кај гостите да се види. Додека седеа навор Никола не можеше да ги сврти очите од малиот Александар. Вечерта пред легнување, тој и рече на Лефтерија.
– Ист е како нашиот Хари кога беше мал.
Така започна вториот ден. Александар покрај играњето на плажа, на која имаше малку луѓе, попладне многу сакаше да работи и да му помага на Никола. И така тие двајца постанаа големи пријатели.
Еден ден Никола реши да ги носи Александар на брод.
– Само мора со тебе да дојдат мајката и татко ти, сам не може.
И вечерта Александар цела ноќ не спиеше. Едвај чекаше да се качи на бродот и да ги посматра рибите како се префрлаат една од друга.
И така одморот заврши. Александар не сакаше да си оди. Но, дома е дома. И на Никола одењето на Александар не му беше драго.
Се допишуваа долго по интернет. Некаде околу пред Свети Никола, кога беше неговиот иманден, Никола бараше да дојдат и пријателите од Скопје. После многу натегања Јордан, Марија и Александар отодоа кај Никола и Лефтерија. Не беше голема зима. Во летувалиштето кај Никола речиси да немаше никој.
– Утре е Свети Никола, навали домаќинот. Ве молам облечете се добро и ќе одиме на пречек на дедо Никола.
Навистина гостите не знаеја како ќе го пречекаат Свети Никола. Но, сите добро се подготвија. Вечерта бродчето беше подготвено како вистинска невеста. Имаше подгответо посни јадења, пиења и различно овошје. Имаше и добра музика. Тука беа и помошниците на Никола со нивните семејства.
Дојде дванаесет часот ноќта. Никола ги исклучи моторите и ние застанавме во морската шир. Јордан малку се уплаши.
– Што е сега ова, праша тој.
– Сега е ноќта на Свети Никола, во овој момент сите православни морнари своите бродови ги запираат со работа до утре. Свети Никола е спасителот на сите морнари и православни бродови. Ајде сега да продолжиме со прославата на мојот именден.
И така музиката грмеше цела ноќ се до утрото кога бротчето се сврте дома. Сите беа радосни и весели честитајќи му го именденот на Никола и Свети Никола.
Автор: Веда