Во душава носам,
доблест што ме краси,
се надевам таа, надеж ќе ми спаси,
нема да барам, по повеќе не трагам,
само за убавини, ќе се залагам.
А доблест наследив, од моите претци,
од верата моја и нашите светци,
никулецот, во мене го засадиле,
и во срцето мое тие го вградиле.
За да ја продолжам, јас нивната лоза,
ги опејувам, во пезија и проза,
ќе воспитувам, мои млади фиданки,
смели македонки и горди балканки.
Со доблест да живеат, да бранат свое,
тоа е најголемо, богатство мое,
тие дечиња да гледаат, да можат
на стеблото гранките, да ни се множат.
Автор:
Вера М. Самарјанин