Skip to content

Сонце

  • by

Приспивна песна и кажувам на мојата малечка ѕвезда,

додека ја заспивам во првот мрак.

Сонувај брашненце мамино бело,

свет полн со љубов каков што нема,

наполни го срценцето нежно со сила,

како што се полни моево кога те гледам.

Биди ми среќна толино моја

бескрајно радости да сетиш,

како овие во срцево кога ти мирисам коси.

И во тежината своја наоѓам сила,

насмевка на лице цртам

за ваква да ме памтиш најмила.

Зошто очите ти се како езерца каде плови мојата надеж,

лицето ти е како лист од булка,

нежен и толку убав,

а гласот,

гласот како поточе приказна што раскажува,

еднаш една мајка сакала дете повеќе од себе, повеќе од сѐ.

Автор:
Анета Петрушевска

Напишете коментар