Чекореше сама низ беспаќето,
таговно, барајќи се себеси
а во душата,
тлееја незините спомени.
Копнежот се брануваше
помеѓу сите тие виолетови цветови .
Иако беше будна, таа секој ден го сонувше,
истото мирисно поле со лаванди.
Ја здогледа ветрот, и тивко ѝ прошепоти:
” Мила моја, престани веќе да живееш со спомените! “
А таа, со тивок шепот му одговори:
” Јас одамна не живеам !”
и продолжи самоуверено да чекори
рамномерно движејќи се кон водните слапови..
Одеше по водата, со затворени очи,
додека реката, со тивок жубор
ги ладеше нејзините боси стапалки.
Иако речните бранови беа силни,
под нејзините нозе,
тие шумолеа смирени.
Со молбен жубор реката ѝ прошепоти:
” Мила моја, не сонувај,
еве, те дарувам со нов живот, Живеј”
” Не лажете ме напразно,
мојот живот одамна остана
на таа ледина со миризливи лаванди !”
И повторно продолжи да чекори
кон густите вековни кории…
Одеше сведнато, чекорот веќе ѝ се успори,
од ударите на младите ластегарки,
Kрошните, шумолејќи ја запрашаа:
” Најмила, зошто си тажна, зошто не сакаш да живееш?”
“Ве молам не присилувајте ме, без него не умеам,
за мене го нема тоа Денес,
само Вчера од него ми остана!”
И тивко, продолжи со своите чекори
кон ливадата со прекрасните лаванди..
Одеше низ неа, додека виолетовата боја
ги боеше нејзините бели табани
Во густите треви,
скриена од ловците, една срна
кротко ѝ прошепоти…
” Мила моја, не е тој единствениот ! “
Девојката, со насмевка ѝ одврати:
” Можеби не е единствениот, но само него,единствено го сакам!” и продолжи да чекори кон дрвените басамаци..
Блескот од сонцето
се пробиваше низ нејзините долги црни коси,
а стариот мост срамежливо ѝ прошепоти::
“Најмила, не вели така, па ти си на самиот почеток од животот ! “
Девојката повторно со насмевка, oдврати:
” Пoчеток ќе има, само ако свенатата пуполка
од мојата лаванда процути..”
и повторно продолжи да чекори
но овојпат кон рајските градини….
Одеше боса по бели кристали
газејќи ги трнливите животни патеки
Темен снег паѓаше
по нејзините жедни усни
Упорно ја мамеа да се врати, велејќи ѝ :
” Најмила, биди она што си,
и зошто на самотијата ѝ дозволи,
да ги мори твоите думи ?!”
” Можеби сум осамена,
но љубовта во себе ја носам,
мојата надеж ме крепи,
којзнае, можеби еден ден,
повторно ќе заживеам!”
и продолжи да чекори по патот,
каде што копнежот,свое гнездо си направил…
Одеше, носејќи во себе црно бели денови
со товар од безброј спомени,
а на небото, со виолетова боја
се испиша неговото име,
кое беше за неа, името на љубовта.
Тогаш летен дождец,
лице ѝ навлажни.
Ја стресоа ладните капки
жедно тркалајќи се по нејзиното белило,
Ја убедуваа да се врати:
” Мила моја, биди искрена кон себе,
знаеш дека така требало да биде….ајде, заборави !”
Девојката повторно се насмевна, и одврати:
” Што ќе ми остане од животот,
ако го заборавам најубавото од него ?!”
и тргна кон сегашноста,
со уште посмели чекори….
Стаса до крајот од виножитото
каде што беа закопани неговите мошти
Една китка, сноп од лаванда истури
преку нејзините вечни спомени.
Автор:
Снежана Дичиќ Велковска