А кој кажа дека ќе биде вака?
Кој тоа таму рече да те немам?
Зарем човек може да живее без својата душа?
А кој те видел додека си одиш?
Кој ги броел чекорите на твоето неподвижно тело,
а кој кажал со мене да остане твојата вековита душа?
Уште кој се насмеал кога те видел дека се враќаш од далеку,
а кој ги бришел солзите пролеани за твоето непостоење?
Кој освен мене сега живее со две души во една?
Кој живее во стан преполн спомени, а празен со насмевки?
Кој освен мене сега сака некое минато, кој тоа таму сакаше да те гледа тебе, освен јас?!
Автор:
Деница Србиноска