Ваши дела Конкурси

Осаменост

Празна соба, празни мисли,

празната моја душа,

чиниш секој може да ја слуша.

Околу мене живот,

милиони насмевки се слушaат,

само солзите на осаменоста,

во мене се леат и ме гушат.

Бегај, далеку самотијо!

Земи сѐ со себе

и тага и плач и грло без глас.

Бегај, далеку самотијо,

пушти го животот да тече,

знам ќе дојде ден,

кога патот ќе те извлече.

Остави место за радост,

за убава, спокојна младост

животот останува најдраг,

бегај, оди си без траг.

Автор:
Марија Окова
СОУ „Богданци“ – Богданци

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје