На сите од срце сакам да ви кажам,
Да ви раскажам, да не ве лажам,
Јас сум среќно дете,среќна сум со мама и тато,
Одам на училиште и највеќе го сакам бато.
Малите нешта многу ги сакам,
Но и големи подароци прифаќам,
За се што ќе добијам,
Радост в срце имам и среќно ќе ги користам.
Дали е едноставно шалче или пак прегратка,
Секогаш со среќа треба да се прими
И со топол бакнеж да се заблагодари.
Со моите другари јас другарувам,
Среќа на сите им подарувам,
Лудости што ме смеат правам
за кога ќе пораснам на моите деца да им раскажам
И сите среќни моменти да ги запомнам!
Автор:
Деспина Грданова V-5одд.
ООУ“Блаже Конески”Велес
Ментор : Светлана Бобевска