Ваши дела Конкурси

Каде ли чекорам?

Над кои ли коски чекорам јас?

Што има закопано во оваа земја

Тука, под моите боси нозе,

Злато ли е? Камења ли се?
Сакам да земам копач и да ископам сè,

Да го свртам светот наопаку.

Копајќи ќе наидам на крст,

Манастири и цркви, дамнешни школи,

гробници и храмови,

темели над темели.

Минато престорено во прав.

На што ли чекорам јас?

На чии ли гревови талкам?

Што ли земјо со себе носиш?

Од крути солзи прелеана,

Од крвави капки замесена.


Го носам копачот на рамо,

Каде ли да копам, а да не згрешам?

Кои ли спомени ќе окопам?

Какви ли тајни ќе откријам?


Ќе откорнам една цела историја

Па ќе ја закачам пред светот,

Светот на откопаното верува,

На парче камен, на папирот.

Што ли тлее таму долу под мене?

Некогаш и со мене ќе биде.

Каква ли е оваа земја?

Плодна, а можеби и глинена.


Копачот почнал сам да си ја работи работата,

Нештата наѕираат низ пукнатините,

Стари ѕидови распаднати,

огништа ќумур заборавени.


Гледам јас или

само сонцето

очи ми зашеметува?

Патишта застарени,

од лесни чекори обновени.

Старото е за стари времиња,

Изгубени мисли, загубени насмевки,

Вриштат спомените,

Што ли крие земјава под моиве коски?

Над кои ли коски газам?

Кои ли рани отворам?

Кој ли на моиве коски ќе гази?

Автор:
„Небиднина“

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје