Ваши дела Конкурси

Скршена љубов

Додека неа ти ја љубеше,

мене душата ми тагуваше.

Некогаш ти бев сѐ,

а сега само спомен незаборавен.

Се надевав на вечна љубов,

а добив горчлив бол,

посакував заеднички свет,

но остана само неостварен сон.

Моето срце од тага се измори,

кој може љубовта кон тебе во него да ја измери,

младоста ми венее ко горски цвет,

а со тебе бев птица в лет.

Зар тагата мора да го има последниот збор,

па не сум создадена од челичен ков,

зар животот мора да е толку суров,

наместо радост да ми дарува скршена љубов?

Автор:
Верица Милорадова

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје