Дека ја сакам црвено-жолтата боја
гордо има кажувам на сите,
те сакам Македонијо моја
ти си домот во кој сакам да ми минат дните.
Во дамнешно време
нашиот народ седел како на трн,
чекајќи кој тиранин следен
ќе му го направи животот црн.
Долги и мачни биле тие години
кога сме биле под окупација,
играла како што ѝ се свири
цела една нација.
Ја мажеле нашава Македонија повеќепати,
со сила, без стројници,
но, за среќа почнала да раѓа
за нејзино ослободување војници.
Во денешно време
друга мака нè мачи,
илјадници македонци судбината
во авион ги качи.
Во туѓи земји заминуваат,
го полнат својот џеб,
секаква работа работат
за да обезбедат корка леб.
Своите огништа ги напуштаат
и често носталгија ги фаќа,
но, ретко кој во родното место
од пуста туѓина се враќа.
Од самата помисла да заминам
срцево на две ми се кине,
и сто пати да се родам
сакам тука животот да ми мине.
Оваа топлина и слобода
само кога сум дома ја чувствувам,
ни едни пари нема да ме премислат
во туѓа земја коските да ги оставам.
Ние младите сме тие
кои животот во Македонија треба да го подобриме,
а, заминувањето од земјава
за ништо на светот да не го одобриме.
Дека ја сакам црвено-жолтата боја
гордо има кажувам на сите,
те сакам Македонијо моја
ти си домот во кој сакам да ми минат дните.
Автор:
Маја Димоска