Зарем не е добра желба,
во светот да нема делба.
Другар со другар да се сака,
сите да си подадеме рака.
Ти, ако си посилен,
пред слабиот не се прави важен,
бидејќи жално е некој да биде тажен.
Никој на светот да не знае за тага
и никој да не знае што е тоа лага.
Никој никогаш да не е бесен,
секој човек да живее живот лесен.
Сега сите на игра, ајде, ајде…,
бидејќи од злобата нема фајде!
Автор:
Ива Сретеновиќ VII одд.
ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица
Ментор: Даниела Пејева Митева