Skip to content

Мрачни времиња – Елена Христоска

  • by

Како некој кошмар, како тажна драма

животот ни се измени.

А мене душава ми вреска одвнатре,

колкумина велат оти не сакаат да биде вака,

а грешките се нижат како лисја есенски,

како тешки облаци со солзи преполни

колкумина велат оти човек на човек

не смее лошо да посака

ама сите како диви ѕверови                                               

еден на друг нафрлени,
                 
како змија отровница бистра вода да не видат

мирисот на злото лесно го вдишуваат

заробени од љубомората

од пеперутки во гасеници се претвораат

гледам со очи отворени, а сакам да сум слепа

да не ме боли звукот

на песнава со овие тажни ноти

кои сите нè уништуваат

да не ме болат нозеве од трњево на кои газиме

да минат овие мрачни времиња

оти човекот на човек

непријател станува .

Автор:
Елена Христоска

                          

                                           

Напишете коментар