Ваши дела Конкурси

Биди човек

Разголи ја душата

за да живееш.

Отвори го срцето

за да чувствуваш.

Та нели си човек?

Биди човек!

Чувствувај!

Тагувај!

Боледувај!

Викај!

Скрши ги тие пранги

што душа ти вклештиле

во тој скаменет изглед

за да се радуваш.

Стопи го тој стаклен поглед

за да плачеш.

Биди човек!

Плачи!

Смеј се!

Тагувај!

Радувај се!

Биди човек!

Пушти го тој глас

што срадањето го

претворило во молк

за да зборуваш.

Скроти го тој немир

што трепет ти

всадил во срцето

за да го спознаеш спокојот.

Биди човек!

Кажувај!

Раскажувај!

Бори се!

Успокои се!

Биди човек!

Та нели си човек?

Автор:
Наташа Брезовска – Богоевска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје