Секоја вечер…
Како мали прстиња ми ја скокоткате душата…
дали сте тоа вие,
дојдовте и оваа вечер,
да си направите место во моево срце
и да го испратите денот што ќе преспие?
Секоја вечер…
Ве гледам секоја вечер,
како лесно го подигате срцево тешко преполно со вас,
и како лесно наоѓате место за уште еднаш…
па уште еднаш…
па уште еднаш…
Секоја вечер…
Секоја вечер го чекам крајот и на денешниот ден
еден од многуте во оваа волшебна низ
за да ве пречекам,
за да ве видам
и да ви покажам уште колку ве имам.
Секоја вечер
Секоја вечер е рано, а времево тешко
и местово ме здроби и сè ми зеде
но ќе ве има, и ќе ме има
баш тука во мене..
…. во мене
Секоја вечер…
Се молам секоја вечер о Боже,
се молам секој ден
чувај ги тие прстиња мали
и дај им сила за да ми дојдат
уште еден ден…
и уште еден…и уште еден…
Автор:
Софија Ичкова I-2
СОУ „Богданци“ – Богданци
Ментор: Ивана Димовска