Ваши дела Конкурси

Надежното збогум во вресокот на емпатијата

Солзите чудно ти стојат,

тивко успокојуваат,

на сешто сеќавајќи се и присетувајќи се,

ти горат усни, губиш страст,

свесно жалиш, но без плач.

Две мечти без да се слеат

два света се рушеа,

се распаднаа без допир,

денот и ноќта станаа едно,

во целост, непотполнета празнина,

неми вресоки и крик во очите

кога ова почна, па да заврши?

И без тоа улиците во мрак тонеа,

хоризонтот светлост лееше,

но што ти вреди кога касно е веќе за сè.

Продаваше спомени

и што ти остана?

-Само болката дека нема да се вратат.

Таа нема да те спаси од тагата,

само ќе те држи за рацете кога ќе стане неподнослива,

љубовта нема да те одведе на места каде што нема смрт,

само ќе те натера да заборавиш на неа.

Додека светот молчи,

глув и нем метеж го зафаќа твоето срце,

изморено без здив,

остава да станеме вечност

и да исчезнеме во времето

пред да го заборавиме значењето на зборовите

кои ветуваат засекогаш.

Идејата за љубовта,

може да те дефинира или промени.

Знам што знаеш,

но што мислиш,

што чувствуваш?

Реалноста изгледа не ни беше доволна,

па продолжи да градиш лавиринти,

а твоето срце го заборави патот за назад,

здодева звукот на сите зборови,

баш празни,

а душата заплеткана во перипетиите на животот,

уште бега од минатото.

Жртва на судбината

и херој во очите на поразот,

ти победи со тоа што изгуби сè,

но се пронајде себе си.

Болката постои само во нашето его,

а ти уште мечтаеш по мојот допир

иако знаеш дека е крај…

Автор:
Мартина Пешова

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје