Skip to content

Има ли среќа во животот мајко? – Никола Попов

  • by

Има ли сонце да нè осветли,

Има ли радост да нè развесели,

Има ли убост да нè усреќи.

Има ли среќа во животот мајко?

Ти млада вдовица остана,

Три дечиња на пат изведе,

Фамилија цела задржа,

Од никого помош не побара.

Има ли среќа во животот бато?

Ти млад аргат отиде,

Од дете – маж те сторија,

Нежните раце камен станаа,

Телото арслан го направија.

Има ли среќа во животот дадо?

Ти друшки остави, друшка мама ја зеде

Детските игри заборави,

Моминска солза не виде,

По тебе ергени не дојдоа.

А ти најмалото, недогалено,

Ни за аргат не беше,

Прости ни за судбината,

Така нѝ било пишано.

Стопан дома остана,

Со насмевка нè чекаше,

Надеж за живот влеваше,

Семејна топлина чуваше.

-Ти среќа во животот ни беше.

Автор:
Никола Попов

Напишете коментар