Најдобрата верзија од себе да бидеме,
во најдоброто светло ние да се откриеме.
биди ти, биди свој пронајди ја својата професија,
биди оригинал, а не нечија копија.
Уникатноста е во оригиналот, во посебноста
верувај во себе, не на реалноста.
Фантазирај, сонувај, работи на себе,
остави свој печат на тебе.
Ќе постојат луѓе кои ќе те копираат,
но ти спречи ги и научи ги да не завидуваат,
да се пронајдат и да бидат единствени,
за постоење вредни.
Работи на себе и на своите цели,
само тоа од копиите те дели.
Луѓе без соништа, слугинки на нечија уметност,
тие се бледи сенки на нечија мудрост.
Твојата уметност мора да биде верна,
да се движи со тебе, самостојно да остане.
Кога нешто свое од тебе извира
вистинската уметност уметниците ги бира.
Врви по својата патека,
нека не те обесхрабрува некоја препрека,
секоја уметност верна на себеси се наградува,
таа твоја оригинална трага засекогаш останува.
Битката која ја водиш со себе вреди,
таа битка ќе победи и успеси ќе реди.
Не нечиј роб, биди победник,
со своите дела биди единствен лик.
Верен на уметноста-верен на себе!
Ако го лажеш светот, самиот не можеш,
ќе се бориш со вистината и ќе потонеш,
таа ќе те победи тебе!
Поразот нека биде нов предизвик,
предизвик за да бидеме уште подобри,
да покажеме дека успешните се тие кои не се откажуваат,
таквите луѓе со успех ги наградуваат.
Среќен и исполнет си со сопствените победи,
животот коцките на успехот нема сам да ти ги нареди,
треба со труд и љубов во својата работа,
да изградиш цврсти темели на уметноста.
Автор:
Бојана Спасовска