Сегашност

Знам дека истекува времето

Низ кршливите сенки на дено – ноќната разденина

И јас сакам да го сопрам

Мислејќи дека Земјата е рамна

Но тоа се топи од моите две сонца

Се растопува толку бргу

Што почнувам да го пијам како утринско кафе

Кое несвесно се приготвува секое разденување,

Кое се пие без да се почувствува,  

Но, сепак те расонува и

Те повикува:

„Разбуди се! Разбуди се!

Сегашноста ја нема,

Задржи ја во стих!“

Ја задржувам.

Мислам дека иднината не доаѓа,

Но таа е тука,

Не може да ја задржи никој,

Дури ни помислата дека нема да дојде.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?