Натежнала прашина во душата,
сноп од светлина сака во неа да продре,
топлината да не запре,
затоа дожду, со сета тага, измиј ја.
Натежнала болка стара со децении
што пливала низ реки и мориња,
удавени во тага смртниците
се бореа за трошка здив
да излезат на копно здрави.
Издигнати над ридот
со цел универзум на дланка,
се гледаме во шарените галаксии
го бркаме здивот,
а тој брз како ракета.
Го следам сопственото темпо
и фаќам ритам со неподвижното тло.
Побрза сум од ветрот,
прамените од косава се разминуваат,
чекорите пулсираат во наизменична форма,
а јас се натпреварувам со себе.
Н.Н
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.