Skip to content

Растојание меѓу две вљубени души

  • by

Далечина,

како проклетство извајано од зад кулисите на

љубовта

ги сонувам твоите соништа

кои ми ги галат врвовите на усните,

животни надежи ми будат.

На полна месечина,

волчјо завивање узнавам во урбаната џунгла,

твои крикови од недостиг се тоа

кои во петици ги криеше.

Ноќи во самотија,

а душата полна, преполна…

Минутите во некој успорен ритам

ги одбројуваат воздишките

до следното нивно соединување.

Оддалеченост во простор,

а ко да се смешкаш од аголот на моите зеници.

Спомените од оние моменти на блискост,

украдени од светот како тајни на универзумот

ги натрупувам во душата,

во отсјајот од солзите ги закривам.

Да не постоеше таа омразена далечина,

ниту твојата вредност немаше да ја осознаам,

ниту јазикот на тишините немаше да го совладам.

И никогаш не ми велиш едно едноставно те сакам,

секогаш со некој додатен израз во твој будалест стил

по ветрето бакнежи ми праќаш

и во трепет од ѕвездите испишуваш:

Не постојат растојанија меѓу две вљубени души…

Проклето ми недостигаш!

Автор:
Александар Алексов

Напишете коментар