Последна надеж

Се надвиснуваш над старата топола,

Никој не застанал да го гледа првиот снег од твојот прозорец.

Се распламтуваш на една недогорена печка

А иконата на Свети Никола сѐ уште

Посакува некој да го запали нејзиното кандилце.

Се сеќавам како ме успиваше осамена

Свртена кон ѕидот во кој ги наоѓав моите соништа,

И сега фрлена во бурата на животот

Чекам да те погледам

И да го допрам твојот под исткаен со последна надеж.

Може ли? Зарем можам да бидам

Дел од последната надеж?

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?