Skip to content

Песна

Никој не ми кажа дека ќе дојде песната.

О, од каде пристигна ти ѕвонлива темјанушке,

Ти, која се прелеваш на изгрејните води

Покрај езерото

Кое нежно шумоли на незнајните предели.

Ме сокри во еден безнадежен свет

Ме остави немо да се начудувам

На светлината на новодојдените утра

На овие темни одаи

Кои ги пречекуваат изгрејсонцата без

Да им кажат добредојде.

Но, ти песно,

Им кажуваш добредојде на сите нови сончеви зраци

Кои понекогаш се сокриваат зад

Твојата насмевка,

Зошто само ти

Ја полеваш земјата со светли,

Насмеани прозраци

Кои живеат и без

Убавината на Сонцето.

Ти даваш живот и на Месечината.

И еве кажуваш:

„Ох, колку си светла Месечино!

Понекогаш се затемнуваш, дури и зацрвенуваш

За да ја објасниш врелата пепел

На човечката крв,

Но, и тебе те пречекувам секоја вечер

Како и светлите утра,

Те оживувам како што те допирам

И заедно го чекаме денот

И повторно го вртиме

Кругот на животот“.

Напишете коментар