Петтата по ред поетска книга „Менување на минатото“ на Сашо Огненовски неодамна ја издаде „ПНВ публикации“. Изданието ќе биде промовирано на 25 септември во Младинскиот културен центар во Скопје.
(Повеќе за авторот овде)
– Во својата најнова книга Сашо Огненовски прави решителен исчекор од говорот на емоцијата и интимистичката онтологија кон говорот на интелектот. Неговиот поетски проект тука сега спаѓа во концептот што се именува со синтагмата пеење и мислење. И тој проект таков е конзистентно остварен и поетски акрибично реализиран како поетско-филозофски систем од првиот до последниот стих. Од песна во песна, неговата длабинска метафизичка потрага од родот се шири и кон историската метафизичка судбина на сеопштото човеково постоење. Поетот него го промислува главно интелектуално, со една понорна рефлексија под чија кора се наѕира длабок онтолошки слој – напиша во поговорот на книгата Ефтим Клетников.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.