Град Скопје постави улични библиотеки на неколку локации низ градот. Подвижни библиотеки се ставени во Градскиот парк, паркот „Ибни Пајко“ и во дворот на ДКЦ „Карпош“.
Граѓаните кои ќе ги посетуваат парковите ќе може да земат книга, да ја прочитаат додека се таму и повторно да ја вратат во библиотеката.
„Апелираме до граѓаните да не ги уништуваат библиотеките и да не ги крадат книгите. Ќе се опремат со книги од разни жанрови од Градската библиотека ’Браќа Миладиновци“. Очекуваме дека луѓето ќе бидат солидарни и самите да ги надополнуваат јавните библиотеки со книги кои ги имаат во нивните домови“, велат од Град Скопје.
Идејното решение за изгледот на библиотеките е на Македонка Тошевски. Од буџетот на Град Скопје за овој проект се издвоени 1.380.000 денари.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.