Ги сакав снеговите прелиени со планински чај.
Утрата кога блескаше сонцето и снегот стануваше златен
Чајот се прелеваше на сончевите зраци
И сакав секогаш да е утро
И сакав секогаш да е снег
За да можеме да се прелеваме во мирисот на планините.
Ги сакав летата прекриени со несмасни разговори.
Ноќите кои не знаевме дали се долги и дали имаат крај
Зошто бескрајот се чувствуваше меѓу нашите прсти
И сакав да разговараме несмасно до бескрај
Да е летна ноќ
И прстиве да ми се разлеат во универзумот.
Ги сакав есените со мирис на речел
Кога во приквечерините пиевме шира толку слатка
што не знаевме што е горка љубов
Светкавме со жар во очите на секоја нова голтка
И сакав да пиеме до бесвест
За да заборавиме на горката стварност
За да се стоплиме како врело вино
и имаме румени образи како мали девојчиња
кои си играат во измрзнати есенски утра.
Ги сакав мајските ливади натопени со камилица во пролет
Која ја беревме до доцна во ноќта
Кога кикотејќи се враќавме дома само за да ја мирисаме
И сакав да е секогаш мојот месец
Месецот кога се радувавме на пролетниот дожд
И уживавме во секој нов Божји благослов.
Со тебе ги сакав сите годишни времиња.
Зошто ти беше Љубов.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.