Не знам од каде доаѓа радоста
Дали е можеби од рајот
Или доаѓа од место каде младоста се расула
Или од онаму каде се излекувала раната
Нанесена од гнев разорен,
Не знам од каде доаѓа радоста,
Дали можеби од немање на ревност
Кога се јавува кај другиот радост
Или од старост неовената
Која останала да бдее над расцутот,
Не знам од каде доаѓа радоста,
Дали можеби од постојан разговор
Со самиот себе кога си разделен
На толку многу парчиња што се разнесуваш
Во просторот
И се спојуваш во еден
Кој е поинаков
Различен
Необичен
Зошто сфаќаш дека
Радосен си дека си различен
Единствен
Дека си жив!
Дека се радуваш на животот!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.