Љубовта може да оди на места каде е непосакувана и повторно да биде свечено пречекана. Може да ги стопи и најстудените мразулци што се издигнуваат околу срцето на човекот. Таа е најболното и истовремено најдоброто нешто што бог го пратил на земјата.
Ова е споменот од дневнивкот на болката во срцето на една длабоко повредена девојка. Но, запоменете дека љубовта не повредува, луѓето се оние кои повредуваат.
Таа ги обви своите смрзнати раце околу неговата половина бидејќи знаеше дека ова беше последната средба. Полека го погали по образот додека солзите сè уште ги галеа и нејзините образи. Телата им трепереа што од студот што од болката која со остар меч ги сечеше нивнаите срца без никаква анестезија. Тој ја зема нејзината дланка во неговата, ја бакна за последен пат и се трудеше да го задржи плачот во себе. Ох, пеколно болеше. Таа ги доближи усните до неговото уво.
,,Запомни дека ти си мојот единствен сакан. Збогум”, шепна. Трепереше од болка, додека за последен пат се трудеше да измами уште едне поглед од кај него. Уште еден спомен кој ќе биде заглавена срча во нејзината душа во годините кои следуваат. Уште еден миг, незаборавен сè до судниот ден.
Полека ја пушти неговата дланка и ја избриша и никогаш последната солза, липајќи се заврте и се упати кон некој поубав живот. Полека чекореше и се пробиваше низ снегулките што почнаа сè погусто да паѓаат. Сè повеќе се губеше во тоа зимско попладне од неговиот видик. Маглата го прикриваше нејзиното витко тело, снегулките ги прикриваа трагите од нејзините чекори и благото зимско ветре се трудеше да ги одвее солзите и таа пеколна болка од нејзиното срце. За кратко сè што остана беше мирисот на една несреќна љубов во воздухот, неколку рани на битијата на двајца заљубени и многу, многу солзи. Вистината беше дека таа замина, а пред него беше една голема, снежна, студена празнина.
Како парализиран го гледаше заминувањето на неговата единствена сакана. Во телото му се редеа нишки на болка. Му струеше страшна топлина низ вените и речиси не го чувствуваше студот. Усните почнаа да му треперат и со сите сили се обидуваше да го задржи силниот плач во себе.
Клекна на коленици на студената улица и без сила ги спушти рацете покрај телото. Бликна во силен плач.
,,Зошто?” рече и погледна кон небото, како да очекуваше објаснување од Бога за оваа судбина.
Се прашуваше дали навистина еден ден сè ќе се заборави? Дали заљубените ќе го заборават сето она што го доживеале?
Небото му даде одговор преку снегулката што се проби и падна на неговиот образ.
,,Секако дека и ти ќе заборавиш еден ден, сакана моја. Твојата цветна градина кој ќе ја отвори ако не јас? Кој ќе биде таму, ако не јас и ти под рака фатени и среќни? Кој ќе ги одгледува розите на среќата ако не јас и ти? Кој ќе ме разбуди од длабок сон ако не ти? Кој ми е запишан во ѕвездите ако не ти?” прошепоти ангелот на љубовта, оставајќи го да тагува по својата никогаш преболена сакана.
Автор: Викторија Саздовска
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.