Ти моја саго
со тебе кај и да сум
ми е драго
во доброто ме поддржуваш
а во лошото храбриш…
кога ми е најтешко
солзи ми бришеш…
ех мајко моја единствена
што секоја минута мислиш
на мене, со љубов посветена
за цел живот ветена
да ме следиш каде и да одам
насмевка да понесам
ти ми велиш тивко
тука сум за тебе
и кога се чувствувам кревко
ех мајко моја мила
во срцево што си ми се свила
засекогаш
така ќе биде секогаш
за сите идни времиња…
тука си покрај мене
и тоа нема никогаш
да се промени
ти ветувам мајко…..
за тебе ќе постојам
каде и да бидам….
Автор: Вукашин Ступар