Азурот беше далечен
Како нежноста на ноќта која постојано ја губам
Сината боја ја откриваше студената пот
Која ги облева телата на љубовниците
Жетвата почнала порано ова лето.
Зелената боја на боровиот врв
Беше блиску до мојот прозорец.
Ја намалуваше летната жед
Во земјата без надеж
Малаксана од тешките удари на минатото.
Доцна е за нови спарувања.
Листот хартија го бара мастилото,
Поезијата сe спарува во сите времиња и простори.
Надвор џагорот на децата
Ги излеваше сите бои на виножитото.
Таму се наоѓа секој мој чекор.
Принесувам жртва на секој нов ден
Оваа малаксана земја сега наоѓа нов почеток.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.