Стравот е вродена човечка емоција и е сосема нормално да го чувствуваме во одредени периоди. Меѓутоа кога е присутен постојано и ве доведува до загриженост и анксиозност тогаш е време да му обрнете поинакво внимание. Животот е прекраток за да живееме во страв, бидејќи прелетува побрзо отколку што мислиме. Еден ден ќе се погледнеме во огледало и нема да го гледаме истиот лик туку ќе видиме испиено лице полно со брчки и очи без сјај. Додека да дојде тој ден треба да живееме исполнети со хармонија, позитивни чувства, исполнетост и добросостојба ослободени колку што можеме повеќе од сите можни стравови. Прочитајте ги десетте стравови што ве кочат и кои не се пожелни!
1. Страв од промени
Денска промените во животот се случуваат брзо и важно е да не се плашиме од нив туку да се прилагодиме. Постојат луѓе кои се спротивставуваат на промените, но тоа само ги кочи бидејќи пропуштаат најразлични можности кои им се отвораат на нивниот животен пат. Прифатете ги промените бидејќи тие можат само да ви донесат незамисливо убави и возбудливи нешта во животот.
2. Страв од осаменост
Стравот од осаменост е чест и неретко поради него луѓето остануваат во лоши љубовни односи во кои се постојано несреќни. Друга последица од овој страв знае да биде опсесивно користење на социјалните мрежи, и тоа во толкава мера што повеќе не се дружат со другите луѓе „лице во лице“. Прекраток е животот за да се живее така, отуѓени и без контакт со останатите. Контактот нека биде во реалниот вистински свет, а виртуелниот сведен на минимум.
3. Страв од неуспех
Стравот од неуспех е многу чест бидејќи луѓето го поврзуваат со срам па почесто се откажуваат уште пред и да се обидат. Меѓутоа, патот до успехот мора да биде послан со неуспеси затоа што токму од нив луѓето учат важни животни лекции. Не се плашете од неуспех, бидејќи кој се обидува тој може и да погреши, но кој не се обидува воопшто никогаш не ни може да доживее неуспех, но ниту успех.
4. Страв од отфрлање
Многу луѓе стравуваат од отфрлање толку што избегнуваат запознавање нови луѓе или стекнување блискост со некого. Дури постојат и луѓе кои се долги години во брак, но не се осудуваат да побараат нешто од сопружниците бидејќи уште од почеток мислат дека ќе бидат одбиени. Исто така, голем страв е присутен и кај луѓето кога од надредените сакаат да побараат покачување. Запомнете дека нема што да изгубите доколку нешто побарате, во најлошиот случај ќе бидете таму каде што сте и сега.
5. Страв од неизвесност
Нема гаранција дека нешто ново во животот ќе ви го подобри истиот, но вреди да се обидувате. Зошто целиот живот да го живеете во своето мало сигурно опкружување? Понекогаш човекот треба да ја почувствува неизвесноста пред да му се отворат некои нови врати.
6. Страв дека ќе се случи нешто лошо
Лошите работи секому му се случуваат и тоа треба да се прифати. Понекогаш луѓето поради стравот од пропаѓање ги спречува да уживаат во тоа што го имаат или она што би можеле да го имаат. Немојте да дозволите стравот да ве спречува, пробајте да бидете оптимисти и да живеете во потполност – така побрзо ќе успеете отколку ако сте постојано во страв, бидејќи луѓето тоа го чувствуваат.
7. Страв дека ќе бидете повредени
Добро е да се биде внимателен, но да не се претерува во тоа. Стравот од непријатни чувства и емоционалните рани може да ве спречат во воспоставување на длабоки, значајни љубовни врски или здрави односи на работа. Без емоционален ризик нема ни награда.
8. Страв дека ќе бидете осудувани од другите
Овој страв знае толку да ги зароби луѓето што тие стануваат нешто што не се, само за да им се допаднат на сите, но тоа не може добро да се заврши. Некои луѓе ќе ве осудуваат и ќе зборуваат лошо за вас без оглед како се однесувате, затоа е подобро да бидете тоа што сте и да живеете во склад со своите вредности. На тој начин во вашиот живот ќе ги привлечете луѓето што ќе ве ценат, баш поради тоа какви што сте, а за останатите не би требало да ви биде грижа, тие всушност не се воопшто важни во вашиот живот.
9. Страв дека не сте доволно добри
Ова е уште еден вид страв кој се појавува кај многу луѓе, но тој не вродува со успех туку може да се развие чувство дека сте губитник или можете да станете перфекциониста во настојувањата да се докажувате пред другите. Овој вид страв знае да биде длабоко вкоренет и често влечи корени од детството и лошите односи со семејството. Иако не е лесно, постојано повторувајте си во себе дека сте достојни за успех и успехот тогаш нема да изостави, само морате со целото срце да верувате во тоа.
10. Страв од губење на слободата
Одредена количина од овој страв е дури и пожелна, но доколку претерате тоа може да ве чува подалеку од успех во животот, и на љубовен и на работен план. Некои луѓе избегнуваат да најдат постојана работа баш поради стравот од губење на слободата. Но од друга страна сопствените финансии исто така даваат слобода бидејќи човекот не зависи од другите.
Ова е уште еден вид страв кој се појавува кај многу луѓе, но тој не вродува со успех туку може да се развие чувство дека сте губитник или можете да станете перфекциониста во настојувањата да се докажувате пред другите. Овој вид страв знае да биде длабоко вкоренет и често влечи корени од детството и лошите односи со семејството.
Иако не е лесно, постојано повторувајте си во себе дека сте достојни за успех и успехот тогаш нема да изостави, само морате со целото срце да верувате во тоа. Доколку некој вид страв е присутен кај вас подолго време преземете чекори за да го сведете на миниму. Бидејќи повеќе и од јасно е дека стравот не е најпосакувана емоција.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.