Имам пријател кој се вика Монти Робертс и кој има ергела за коњи во Сан Исидро. Ми дозволува во неговата куќа да организирам приеми каде што собираме пари за проекти наменети за загрозената младина. Последен пат кога бев кај него тој вака ни се обрати: „Сакам да ви раскажам зошто на Џек му допуштив да ја користи мојата куќа“.
Сѐ започна со приказната за момчето кое било син на патувачки трењер за коњи. Одел од штала до штала, од трка до трка, од имот до имот вежбајќи ги коњите. Покрај тоа, школувањето на момчето морало постојано да се прекинува. Еден ден на училиште требало да напише писмен состав за тоа што би сакал да биде и прави кога ќе порасне. Па, така една ноќ на седум страни опишал дека еден ден сака да има ергела.
Детално ја опишал својата намера дури и нацртал детален план од имот од 8 хектари прикажувајќи ја положбата на сите објекти, шталите и стазата. Потоа нацртал и прецизен план на куќа од 120 квадрати која ќе се протега на замислениот имот од 8 хектари. Се внел во таа задача со целото срце и следниот ден му го предал составот на наставникот.
После два дена наставникот им ги поделил на учениците оценетите состави.
На првата страница на неговата писмена работа имало голема црвена единица со порака: „Почекај ме после часот“.
Момчето со сон пошол кај наставникот после часот и го прашало: „Зошто добив единица?“
Наставникот рекол: „Тоа не е реален сон за дете како тебе. Немаш пари. Постојано се селите со семејството. Немаш средства. Ергелињата бараат многу пари. Мора да купиш земја. Мора да купиш расни коњи и да плаќаш додатни трошоци за размножување. Нема тероија такво нешто да постигнеш“. Потоа наставникот додал: Ако повторно напишеш состав со пореална цел ќе ти ја променам оцената.
Момчето отишло дома и долго и напорно мислело за ова. Го прашал татко му за совет. Татко му му рекол: „Слушај сине, ти мора сам да донесеш одлука. Сепак, мислам дека е многу важно што ќе одлучиш. Најпосле, после седум дена размислување детето се вратило кај наставникот со истата писмена работа без никакви измени.
И му го рекол само ова: „Вие задржете ја вашата единица, а јас ќе го задржам мојот сон“.
Монти тогаш се свртел кај собраните и рекол: „Ви ја раскажувам оваа приказна бидејќи седите во мојата куќа со површина од 120 квадрати насред мојот имот од 8 хектари. Уште го чувам тој состав во папка над каминот. И додал: „А најдобро во целата приказна е тоа што пред 2 години истиот наставник донесе триесеттина деца на седмодневно кампување на мојот имот. Кога тој си заминуваше, само рече: „Слушај Монти, сега ова можам да ти го кажам. Кога бев твој наставник бев како крадец на соништа. Со години ги крадев детските соништа. За среќа ти беше доволно паметен да не се откажеш од своите“.
Не дозволувајте никој да ви ги краде соништата. Следетете го вашето срце без оглед на сѐ.
Верувајте во она што го посакувате за истото да стане реалност.
Поука: Ако никогаш не се откажетe – ќе успеетe! И секогаш следeте го својот внатрешен глас, не им верувајте на тие што викаат дека нема да можете!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.