Skip to content

Сладина

Горчина ми се насобрала  во соѕвездието

А моите ѕвезди се рашириле низ ѕвездената шир

Бараат сјај сонце малку да им донесе благост од твојте очи.

Сладина  ми се насобрала на јазикот

И сакам да ја плукнам

За горчината да биде поголема и од моето соѕвездие.

Немо ја затворам вратата

И чувствувам како тече низ мојата пот

Сладина од моите солзи и се одлива во твојот вечен сон.

Летаме низ облаците од горко –пенлива пена

А не можеме да се насладиме од црвената боја

На ветерот кој дува од југ.

Остануваме да бдееме под бледата месечина

Низ раштрканото соѕвездие

И не знаеме дали некогаш ќе го најдеме заедно патот до Сонцето.

Напишете коментар