После вчерашниот сонет од Вилијам Шекспир, да се потсетиме денес на нашиот поетски великан Гане Тодоровски, со еден негов прекрасен сонет.
Можеби си спомен, нечујно што минал
Низ моите мечти, оставајќи трага?
Можеби си зборот јас што сум го скинал
Од усните свои, низ насмевка блага?
Можеби си сенка што во ноќта сина
Одмина без “збогум“, недофатена, драга
Или: крик на страдник безгласно што зинал.
Или: лик на свидна, неплакана тага?
Остани за навек Моја, Една, Блиска.
Биди само име в занес што се блада,
Биди песна звучна што низ солзи плиска.
Остани за навек далечна и нема.
Биди вечен гост на срцето што страда,
Од кај не ќе може никој да те зема!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.