Човекот е социјално битие, а тоа значи дека е навикнато да живее во заедници, да се социјализира со луѓето во неговата околина, да биде припадник во некоја општествена група и да биде опкружен со луѓе. Поради настанатата промена и ограничувањето на движењето факт е дека животот не функционира како што функционираше пред појавата на вирусот.
Но ова не значи дека не можеме да се адаптираме на новата средина и условите кои во поголема или помала мера самите си ги поставуваме.
Што се случува кога емоциите што ги чувствуваме не се баш најпозитивни?
Следниве знаци покажуваат дека вашето ментално здравје е загрозено поради чувство на одреден вид паника и појава на негативни чувства. Нивната појава може да се поврзе со моменталната состојба, но и не е нужно. Важно е да бидете внимателни при процената, да утврдите колкаво е нивното времетраење и која е причината за појавување.
Истиве сигнали што се манифестираат може да се појават и во сосема нормални услови на живеење:
1. Константен страв
2. Постојано чувство на тага
3. Немир
4. Инсомнија
5. Конфузија
6. Повторувачка лутина
7. Посттрауматски стресни симптоми
8. Депресија
9. Трајно лошо расположение
10. Голем стрес
11. Вознемиреност
12. Турбулентна (променлива) емоционална состојба
13. Иритабилност и емотивна исцрпеност
За да го зачувате вашето ментално здравје најважно е да ги следите сопствените рутини и да останете активни и во домашни услови. Правете ги работите што ги сакате и нешто што одамна сте сакале да го направите, а сте немале време. Ослободете се од стресот на ваш начин преку пријатни активности.
Напомена: за некои од набројаните знаци не се прави самодијагностика ниту се припишуваат симптомите веднаш. Ако се присутни некои знаци кои укажуваат на депресија пример не значи дека страдате од истата. Доколку некои од набројаните знаци сигнализираат дека ви е потребна помош и ,се континуирано присутни, обратете се кај вашиот матичен лекар или кај психолог/психотерапевт или психијатар.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.