Дур возот без починка рони во времето
на ритамот монотон вечерва
ти си задремала
Не спи, не заспивај, уморена
Колку е тежок тој мир на твоите образи живи
кога патуваат шумно сите предмети мртви
Со бакнежот на погледот мој
што чука на твоите клепки заклопени
ти ги отворам очите сонливи.
Со прстите на својата смеа
што кружат во муграта наслутена
те вадам од ова задушено купе
што живее со здивот на тунелите
и те водам
во синиот и широк сон на јавата
да се одмориш
во зеленилото на пристигањето.
Матеја Матевски
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.