Skip to content

Трет Меѓународен поетско-музички настан: “Поетски прозорец кон светот – останете дома”

Шеесетина поети и музичари од 15 земји во светот, меѓу нив и десетина од Македонија, во сабота на 18 Април со почеток од 18 часот ќе настапат вмрежено во живо на You Tube, во рамките на Третиот Меѓународен поетско – музички прозорец кон светот – останете дома.

Учесници од нашата земја се Даниела Андоновска Трајковска и Мирјана Стојановска, од Битола, Филип Димкоски и Тони Павлески од Прилеп, Ѓорѓи Калајџиев од Струмица, Игор Крајчев, од Велес, Марина Мијаковска, Ленче Милошевска и Соња Серафимова од Скопје и Веле Митаноски од Охрид.

Организатори на настанот се Хртватското Книжевно Друштво и познатиот поет Валерио Орлиќ.

– Ова веќе постанува традиција на која не ѝ се гледа крајот, или барем додека не заврши оваа глобална криза. Бидете со нас, со поезија, музика и добро другарување. Навистина е виртуелно, но тоа е токму она што ни треба во оваа изолација и ова тешко време на социјално дистанцирање. Останете дома и бидете со шеесетина поети од 15 земји.
Овој пат, покрај Ива Слатин, ќе води и Ѓорѓи Калајџиев, додека вмрежените поети, ќе ги следите во живо на You Tube, најавуваат организаторите.

Плакатот за манифестацијата го направи Искра Пенева, која пораката ја испраќа на начин што прикажаната девојка гледа низ прозорецот, а не во книгата.

Валерио Орлиќ, е основач на Хртватското Книжевно Друштво, уредник на литературното списание “Крик”, како и член на колегиумот на списанијата “Книжевно перо” и “Задарски книжевен летопис”.

Орлиќ е голем вљубеник во Македонија, чест гостин на книжевни манифестации, како “Караманови средби”, “Струшки книжевни средби” и други, а е носител и на македонските книжевни признанија, ”Струшко слово” (2015) и “Слово “- Битола (2016), како и на балканската награда за поезија “Ацо Караманов” од 46. издание на “Карамановите срдбии на поезијата” (2019).

Македонските поети, ова лето ќе му приредат поетски портрет во Охрид, во рамките на познатата манифестација “Охридска научна визита”, на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Извор

Напишете коментар